Подгответе вкусен брз колач од банани.
Состојки:
3 кесички прашок за пудинг од ванила
10 лажици шеќер
1200 мл млеко
300 грама бисквити
200 грама маргарин
100 грама кисела павлака
4 банани
300 мл шлаг пена
Подготовка:
Во сад измешајте ги прашокот за пудинг и шеќерот, па додадете дел од млекото за да го измешате пудингот. Преостанатото млеко ставете го да се вари, откако млекото ќе зоврие тргнете го тенџерето од оган и додадете ја измешаната смеса и сварете го пудингот. Додека пудингот е топол ставете ги маргаринот и киселата павлака.
Бисквитите искршете ги на мали парчиња и ставете ги во смесата, па се добро измешајте.Тавата премачкајте ја со малку маргарин и во неа истурете ја половина од смесата, добро израмнете, па потоа наредете ги бананите кои пртходно ќе ги излупите и исецкате по должина.
Врз бананите истурете ја и преостанатата смеса со пудингот. Вака подготвениот колач ставете го во ладилник да се излади неколку часа, за тоа време подгответе ја шлаг пената и кога ќе се излади колачот, нанесете го шлагот.