Двајца поранешни градоначалници осомничени дека пиеле и јаделе на државна сметка
Поранешните градоначалници на Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ и Милован Стојковски, двајцата од Куманово, организирале приватни ручеци, забави, состаноци и прослави со вработени во угостителски објекти на подрачјето на Куманово, но поголем дел од сметките не ги платиле.
Од СВР Куманово информираат дека е поднесена кривична пријава против М.Ј. (58) и М.С.(58), двајцата од Куманово, поради сомнение дека сториле кривична пријава несовесно работење во служба.
Истрагата утврдила дека во периодот од 2009 година до ноември 2017 година, пријавените, кои во различен период биле градоначалници на општина Старо Нагоричане, организирале приватни ручеци, забави, состаноци и прослави со вработени во општината, на сметка на Општината.
Градоначалникот Јовановиќ во периодот од 2010 до 2013 година, во два угостителски објекти со свои пријатели искористил угостителски услуги во износ од околу 2,2 милиони денари, а платил само помал дел од вкупната сметка.
Кога осомничениот Стојковски дошол на градоначалничка фунција наследил долг од 1.3 милиони денари. Но и покрај тоа, тој продолжил да ги користи угостителски услуги и во периодот од 2014 до 2017 година во четири кафеани направил сметка од 1.2 милиони денари, а од долгот платил само помал дел.
На овој начин, двајцата ја задолжиле општината со износ од 1.5 милиони денари.