Колку долго траат кремите за сончање?

Неретко користиме крема за сончање која сме ја користеле и во минатите летни сезони, бидејќи ни останало уште, па продолжуваме да ја користиме истата крема и следното лето. Меѓутоа, многу е важно да се знае каков е ефектот на тие креми за сончање.

 

Ако поседувате постара крема за сончање, потребно е добро да проверите дали таа е безбедна за користење.

Покрај наведениот рок на употреба на амбалажата, британски дерматолог  за тамошните медиуми, открива уште неколку знаци кои можат да ви откријат дали кремата смеете да ја ставате на вашата кожа.

„Прв знак за предупредување е промената на мирисот и текстурата. Ако кремата е расипана, тогаш состојките во неа се разделуваат. Затоа, ако забележите дека вашата минатогодишна крема веќе на прв поглед има поинаков изглед, или не мириса како кога била нова, без разлика на рокот на траење, подобро е да се откажете од намерата таквата крема да ја ставате на вашето тело“, вели дерматолог.

Тој објасни дека рокот на траење на овие креми најчесто е околу една година, меѓутоа потребно е да се води сметка за тоа бидејќи во спротивно, доколку користите крема со поминат рок на траење, сонцето може да предизвика изгореници, или после мачкање со кремата може да дојде до иритација на кожата.

За да и го продолжите рокот на траење,  кремата за сончање да ја чувате на ладно место и да не ја изложувате на сончева светлина.

Треба да знаете
Последни објави