СОСТОЈКИ:
2 големи краставици
400 мл. грчки јогурт
2 чешни лук
сол
маслиново масло
лимонов сок
ПОДГОТОВКА:
Се лупат краставиците и се рендаат во сад. Потоа се става сол и се меша, па се остава покриена да стои бар 20 минути.
Потоа, салатата се цеди, а лукот убаво се ситни да нема парчиња.
Се става јогуртот со краставиците, се меша, се става и лукот, па масло и лимонов сок.