Еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Англија, Деле Али го пропуштил последниот тренинг ред натпреварот против Панама.
Натпреварот од второто коло од групата Д против Панама, Англичаните ќе го одиграат во недела, но не се знае дали дотогаш Деле ќе биде подготвен за игра. На негово место се очекува Герет Саутгејт да го стави фудбалерот на Манчестер Сити, Фабијан Делф, а шанса може да добие и Рубен Лофтус Чик.
Се уште не е познато каква повреда го мачи Деле Али, но речиси е сигурно дека тој би бил подготвен за елиминационите натпревари на Мундијалот во Русија.