Ако мислите дека сте се сретнале со својата „вистинска половина“, која константно ви се провлекува низ мислите, но се уште не сте сосема сигурни во своите чувства, можеби ќе ви биде од корист да се потсетите или да го научите значењето на ова единствено чувство.
Приоритетите се повлекуваат во сенка
Кога друштвото, ноќните излегувања, фамилијарните ручеци или работата која ве исполнува ви стануваат здодевни, а само единствена порака или повик може да ви даде волја за живот, тогаш грозницата на љубовта дефинитивно си ги покажува своите ефекти. Пред познанството со таа личност теретаната сте ја сметале за свето место, а сега не ви недостигаат ниту ритуалите кои претходно имале посебно место во вашето секојдневие. Вашето „слободно време“ едноставно како да губи смисла без неа/него.
Постојано ви е во мислите
Без разлика на тоа дали сте во канцеларија, трговски центар, кујна или автомобил, таа личност управува со вашите мисли, а тоа воопшто не ве вознемирува. Без никаква очигледна причина прави неред во распоредот на вашите обврски и должности, а вие и покрај тоа се прашувате дали и другата страна мисли на вас. Исто така, таа личност станува прва на која размислувате пред да заспиете и најпрво на неа ви текнува кога ќе се разбудите.
Другите стануваат „невидливи“
Тешко е да не забележите убава физиономија на личност која поминува покрај вас, но кога сте вљубени сите други убавини поминуваат под вашиот радар, а „таа“ останува неспоредлива. Се останато изгледа бледо и здодевно.
Планови за иднината
Кога разговорот со вашиот партнер почнува да тече во правец на кроење на планови за иднината, вие спонтано почнувате дискусија за заедничка иднина без размислување околу нејзиното значење.
Ако ви се случуваат вакви и слични работи, тогаш најверојатно станува збор за „вистинската“ љубов.