Односот на јаглени хидрати – масти на дневна основа би требало да биде 50-30, остатокот го сочинуваат протеини…
Триесет проценти = секој трет залак
Ова не се однесува на било кои масти, туку на оние здравите незаситени, помалку на заситените, т.н транс масти.
Еве зошто:
Добри масти
Здравите (добри) масти го намалуваат нивото на лош холестерол, го подобруваат крвниот систем, косата ја прават посјајна, ја подмладуваат кожата, го регулираат сонот… Се наоѓаат во некои производи како јаткастите плодови, рибата …
Извори на незаситени масни киселини се:
Масла: маслиново, ленено, кокосово
Јаткасти плодови: Бразилски орев, индиски орев, ореви, леник, фстаци
Риба: туна, лосос, харинга…
Авокадото е исто така одличен извор на здрави масти.
Би требало да ги консумирате секојдневно, но во ограничени количини бидејќи јаткастите плодови без оглед на тоа што се многу здрави тие имаат многу калории.
Во кои намирници се наоѓаат лошите масти и зошто треба да ги избегнувате?
Транс масти
Овие масти избегнувајте ги колку што можете повеќе, нив најмногу ги има во маргаринот, рафинираните масла од сончоглед, пржената брза храна и преработените намирници, долготрајните пецива или бисквитите и колачите…
Извори на засите масни киселини се:
Еурокрем, солени грицки, колачи , кекси од продавниците за здрава храна (полни се со транс масти и бело брашно и се се друго освен здрави), переци, лиснати теста, растителни сирења, растителна павлака, шлаг, пецива во пекари…сите овие производи содржат вештачки направени масти.
На повеќето производи имате напишано колку транс масти содржат, затоа трудете се да не внесувате повеќе од половина грам по оброк бидејќи се премногу опасни и нездрави: канцерогени се, а и штетни за срцето и крвните садови, неповолно влијаат на метаболизмот и поттикнуваат наталожување на масти во организмот.