Подгответе вкусна, брза и лесна компир салата со туна.
Состојки:
500 грама компири
2 големи конзерви туна
2 главици кромид
100 грама пченка од конзерва
100 грама шери домати
Магдонос и сол
Подготовка:
Компирите сварете ги, па излупете и исечете ги на коцки, а потоа посолете. Во чинијата додадете ги туната, кромидот исечен на тенки резанки, шери доматите на четвртинки и пченката и магодоносот ситно исецкани.
Се добро измешајте посолете и послужете.