Која е разликата помеѓу Велика Британија, Обединетото Кралство и Англија?

Велика Британија, Обединетото Кралство и Англија не е иста работа. Овие поими за Британците претставуваат нешто сосема различно.

 

Во продолжение прочитајте за разликата помеѓу овие термини.

Велика Британија

Најголем од двата основни британски острови (вториот е Ирска), а се состои од три држави: Англија, Шкотска и Велс.

Обединетото Кралство

Монархиска држава која се состои од државите на Велика Британија – Шкотска, Англија и Велс, но и Северна Ирска.

Официјалното име е Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Оние кои се од Англија, Шкотска и Велс се сметаат за Британци, жителите на Северна Ирска се Ирци, а само жителите на Англија се Англичани.

Кога станува збор за Ирска, одамна е позната комплицираната политичка ситуација која преовладува на овој остров.

Значи, Ирска се оддели како потполно независна Демократска Република Ирска, додека Северна Ирска и понатаму е дел од Обединетото Кралство.

Треба да знаете
Последни објави