Момче избодено со нож во школски двор
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 18-годишниот Д.И. од село Саждево, крушевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Околу 17.30 часот во кругот на училишниот двор од Средното општинско училиште ,,Преродба – Рилиндија“ во село Житоше, прилепско, настанала вербална расправија и физичка пресметка помеѓу пријавениот и Д.П. при што пријавениот со нож на Д.П. му нанел повреда во пределот на грбот.