Наставник претепан на полуматура

Наставник претепан на полуматура

За време на прославата на полуматура на ученици од прилепско училиште, еден од наставниците бил претепан од 25-годишен маж, кој претходно заедно со уште двајца другари му се заканувале.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство”. На 07.06.2018 година околу 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура на учениците од основното училиште ,,Климент Охридски” од Прилеп, пријавениот кој бил во друштво со уште две лица, упатувал закани по животот на наставникот С.Ј., по што и физички го нападнал“, информираат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави