Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Хорхе Сампаоли ја презема вината за синоќешниот дебакл на неговите избраници.
Аргентина загуби од Хрватска со 3:0 и се наоѓа пред елиминација уште по групната фаза на Мундијалот во Русија.
„Многу сме разочарани. Ова е моја одговорност. Како тренер, јас сум одговорен за резултатот. Но индивидуалните грешки доведоа до промашени цели. Хрватска ја презеде иницијативата, и ние не можевме да смениме ништо. Се разбира, ова е многу болен пораз, но мора да останеме тим. Мојот тим за натпреварот, мојот проект не функционираше. Долго време работам како тренер и сум свесен за одговорноста. Се што останува за нас е да се бориме во последниот натпревар, да се држиме за секоја шанса“, изјави Сампаоли по натпреварот.