Бркотница со полиција на патот Штип -Скопје
Бркотница на патот Штип – Скопје, полицијата открила девет мигранти. Според информациите од МВР, утринава околу 01.35 часот на автопатот Штип-Скопје, кај место викано „Канда“, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе дале знак за запирање на патничко возило „Алфа Ромео“ без регистарски ознаки. Возачот не застанал, го свртел возилото и се упатил во правец кон Штип. Во близина на Филтер станицата возачот го запрел возилото и побегнал.
Од извршениот преглед во возилото биле пронајдени девет лица-мигранти, од кои шест лица од Бангладеш и три лица од Пакистан. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.