Излегол да го турка возилото па го претепале и оставиле среде пат
Во 12.50 часот во Полициската станица Гостивар, 50-годишниот Ф.И. од Скопје пријавил дека на 20.06. околу 22.20 часот на автопатот Тетово-Скопје лицата Е.Н, Џ.Н. и уште едно непознато лице извршиле разбојништво над него.
На предлог на трите лица, Ф.И. патувал со нивно возило до Скопје. После наплатната станица, Џ.Н. го запрел возилото и им кажал дека останале дефект и дека ќе мора да го туркаат возилото. Кога излегле од возилото, лицата физички го нападнале Ф.И. по што го турнале на земја и од џебот од палтото му го одзеле паричникот во кој имал 9.000 денари и лични документи.
После тоа, го оставиле и си заминале со возилото.
Во 17.45 часот, од страна на Полициски службеници од Полициската станица Гостивар, во врска со настанот било приведено лицето Ш.Ѓ. (23) од Прилеп, со живеалиште во Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на останатите лица и за целосно расчистување на случајот.