Колку можеме да учиме, да се прилагодуваме и да го разбираме светот околу себе, зависи пред се од нашиот коефициент на интелегенција.
Колку можеме да учиме, да се прилагодуваме и да го разбираме светот околу себе, зависи пред се од нашиот коефициент на интелегенција. Неговата висина ја одредуваат бројни фактори, но и начинот на исхрана, истакнуваат научниците од американски универзитет На листата намирници кои посебно допринесуваат за развој на когнитивните способности, се наоѓаат:
Сировите јајца содржат протеини и здрави маснотии клучни за развој на мозочните функции, посебно кај младите. За да останат нутритивните вредности што повеќе зачувани, треба да се варат што пократко време.
Зелениот зеленчук благотворно делува на целиот организам, па така и на мозокот. Богат извор е на витамин Е кој е клучен за здравјето на мозокот, но и го намалува ризикот од Алцхајмерова болест.
Оревите ја засилуваат способноста за паметење бидејќи содржат омега 3 масни киселини и полинезаситени масти, кои организмот не ги создава, па мораат да се внесуваат со храна. Истражувањата покажале дека само 29 грама ореви содржат 2,6 омега 3 масни киселини, додека пак, во една лажичка масло од орев се наоѓаат 1,4 грама полинезаситени масти.
Боровницата содржи широка лепеза на состојки кои се директно поврзани со развојот и растот на мозокот. Поединечни истражувања покажуваат и дека го забавуваат процесот на стареење.