Парламентот на Холандија даде зелено светло за преговори со Македонија

 Холандскиот Парламент даде зелено светло Македонија да почне преговори со Европската унија. Со одлуката на парламентот, Европскиот совет се очекува да гласа „за“ отворање преговори за членство со Македонија за време на состанокот закажан за 28 и 29 јуни, објавуваат холандски медиуми.

 

Дел од нив го цитираат Питер Омтцигт кој е член на парламентарна група која ја посетила Албанија во мај со цел одблизу да се запознае со ситуацијата во таа држава.

Во врска со Македонија тој вели дека ситуацијата за отворање преговори за членство е многу сложена поради референдумот што се очекува за изјаснување за новото име на државата.

Холандскиот Парламент блокираше отворање пристапни преговори на Албанија со Европската унија.

Потегот е преземен пред самитот на Унијата во следната недела кога Тирана очекува да добие одобрување за почеток на преговори за членство.

Повеќе од половината пратеници, 76 од 150 вклучително и пратеници кои поддржуваат владата на премиерот Марк Руте блокираа почеток на преговоири на Албанија со ЕУ. Тие наведуваат дека постои „сериозна загриженост околу борбата против корупцијата“.

Советот на ЕУ за општи работи вo понедeлник и во вторник ќе разгледува почеток на пристапни преговори на Албанија и на Македонија. Вo четврток и петок е состанок на шефови на држави и влади на членките на Унијата.

Треба да знаете
Последни објави