Подгответе вкусна и едноставна закуска – потпечени лепчиња со шунка.
Состојки:
10 парчиња леб
2 лажици кечап
2 лажици мајонез
250 грама шунка
250 грама кашкавал
Оригано
Подготовка:
Измешајте ги кечапот и мајонезот, па премачкајте го секое парче леб од горната страна. Наросете оригано, наредете по два круга шунка на секое парче леб, а одозгора ставете рендан кашкавал.
Печете во загреана рерна 10 минути на 250 степени.