8-годишно дете повредено во сообраќајна несреќа кај Битола
Автомобил удри осумгодишно дете кај Битола, момчето завршило со тешки повреди. Според информациите на МВР, вчера околу 16,20 часот на патот Битола-Демир Хисар, во с.Кукуречани, патничко возило „Цитроен“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (47) од Демир Хисар, удрило во осумгодишно дете од с.Кукуречани. Од ударот момчето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Општа болница Битола каде му била укажана лекарска помош и бил задржана на лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.