Група граѓани и вчера одржаа мирен протест пред Собранието – продолжуваат и денеска

Група граѓани и вчера одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името.

 

Тие ја повторија поддршката за претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој најави дека нема да го потпише указот за Законот за ратификација на договорот, што беше донесен во средата.

За нив договорот е штетен и спротивен на македонските државни интереси. Тие повикуваат на најавениот референдум договорот за спорот за името да биде отфрлен.

Претставници на граѓаните кои повеќе денови протестираат очекуваат да бидат примени од претседателот на државата.

Граѓаните носеа македонски знамиња и пееја македонски песни.

Протест е најавен и за денеска.

Треба да знаете
Последни објави