Инцидент во градскиот јавен превоз, претепано 20-годишно момче.
Како што информираат од МВР, вчера во 23,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Џон Кенеди“ и „Цветан Димов“, во автобус на ЈСП бр.57, две непознати лица физички го нападнале Б.Д.(20) од Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.