Сончево со мала до умерена облачност и со умерен северозападен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а има услови и за појава на ситен град.
Кон крајот на денот почне да дува умерен до засилен северозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат во интервал од 21 до 34 степени.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 30 степени.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Во сабота ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително пад на температурата за околу 10 степени. За време на викендот ќе има слаб локален дожд, но без грмежи.
Од понеделник ќе има промена на временската состојба, така што времето ќе биде облачно и свежо со пообилни врнежи од дожд, особено во западните делови.