Британската мисица и ѕвезда на реално шоу беше најдена мртва во нејзиниот стан, соопшти полицијата и додаде дека засега нема знаци дека се работи за насилна смрт.
Тажната вест за смртта на мисицата прв ја објави нејзиниот дечко Арон Армстронг.
„Никогаш нема да ја заборавам твојата насмевка. Многу те сакам, ти си мојот свет засекогаш“, напиша Арон, а во коментарите се редеа пораки со сочувство и поддршка.
Американските медиуми пишуваат за смртта на 32-годишната Градон која пред само неколку месеци откри дека се бори со депресија.
Софи се прослави во 2010 година кога победи на Изборот за Мис Британија, а по ангажманите како модел, стана ѕвезда на реално шоу каде ги освои срцата на гледачите.