Почна изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка
Денеска со присуство на премиерот и ресорните министри во Владата, започна изградбата на патот Ранковце-Крива Паланка во должина од 14 километри .
,,Ми беше особено задоволство, заедно со премиерот Зоран Заев и министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски да го означиме почетокот на изградбата на патот Ранковце – Крива Паланка. Инвестицијата е 58 милиони евра и патот се очекува да биде завршен во 2021 година. Ова е најзначајниот патен правец во овој регион, бидејќи овозможува брза врска со Пан Европскиот Коридор 8, кој не поврзува со Република Бугарија и понатаму со Источните земји.
Во рок од два месеци започната е изградба на три експресни патишта, со вкупна должина од 80 километри и вредност од околу 130 милиони евра. Со унапредување на процесот на евроинтеграции ќе обезбедиме и дополнителни инвестиции, со цел изградба на подобра инфраструктурата низ целата држава“-изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, кој беше носител на листата за овој регион на последните избори.