Осумнаесетгодишно момче почина во прилепската болница по тешката сообраќајка
Осумнаесетгодишно момче ноќеска почина во прилепската болница по сообраќајната несреќа што се случила на патот од село Ропотово во Лажани.
Полицијата соопшти дека синоќа околу 22:40 часот на патот с.Ропотово-с.Лажани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило ,,Голф“ со битолски регистарски ознаки управувано од Е. Ј. (18) од село Саждево-Крушево излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот М. М. (16) од село Саждево при што се префрлени во Градската општа болница во Прилеп, во 2:10 часот Е.Ј починал.
Увид на лице место извршила екипа од ПС-Прилеп.