Ако јадете брза храна ќе станете поглупави?

Ако јадете брза храна ќе станете поглупави?

Доколку решавате крстозборки и судоку и гледате квизови надевјќи се дека ќе научите нешто ново, важно е да знаете дека секое чоколадо или чипс што ќе го изедете при тоа, може да го уништи вашиот труд.
Студијата на група истражувачи од Универзитетот во Орегон, објавена во списанието „Неуросајнс“, покажува дека храната богата со масти и шеќери може негативно да влијае на когнитивна флексибилност и на способност на луѓето за приспособување на промените.
Студијата е изработена врз основа на истражување спроведено со лабораториски глувци, кои консумирале храна со различни размери на масти и шеќери, а потоа морале да минат низ тестови за нивните ментални и физички функции.
Истражувачите посветиле посебно внимание на бактериите кои се наоѓаат во системот за варење на глувците од секоја контролна група.
– Бактериите можат да испуштат состојки кои делуваат како неуротрансмитери и да ги стимулираат нервите или имунолошкиoт ситем и со тоа влијаат на низа биолошки функции – појасни Кети Магнусон, професорка на Факултетот за ветеринарска медицина и раководител на истражувачкиот тим на Институтот „Линус Паулинг“.
За четири дена, менаталните и физичките способности на глувците кои консумирале храна со високи масти и шеќер почнале да опаѓаат, особено кога би се промениле една или повеќе варијабили. Како најважен фактор кој влијае на намалување на мозочните функции се идентификувани бактериите во системот за варење.
Треба да знаете
Последни објави