Гужви на „Богородица“, се чека за влез во Грција
Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а зголемен број возила има на граничниот премин Богородица за влез во Грција, соопшти АМСМ.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.