Јанушев: Штабот на ВМРО-ДПМНЕ камнуван од луѓе блиски до власта

Јанушев: Штабот на ВМРО-ДПМНЕ камнуван од луѓе блиски до власта

Вечерва беше нападнат и кукавички каменуван централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Нападот на ВМРО-ДПМНЕ е акт на насилство и вандализам. Но и напад на сите оние кои ги штитат Македонските националните интереси.

Индициите за ова говорат дека одговорноста за ваквиот напад се структури блиски до власта – по  принцип на шарената револуција.

На што го  темелиме ваквото убедување?

Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за  името.

Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.

Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред собрание, каде за жал колатерална штета беа недолжни граѓани,  жени и деца.

Тоа е целта и на вечерашниот напад, за кој многу веројатно дека ќе  сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволници од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта.

ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските  структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство.

Ова е вистинското диктаторското лице на Зоран Заев. Во негови раце е и  полицијата, и судството и сите механизми да го спречи сето ова и да ги открие сторителите.

Ова  е сериозен удар на демократијата.

Ова  е сериозен удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад.

Овој начин на функционирање е препознатлив само во афричките диктатури. И ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата.

Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власт.

Сега ќе се обратам до оние кои јалово се надеваат дека ќе не втурнат во сценарио од кој што бенефит би имале оние кои ја распродаваат државата на економски и политички план:

Ние сме В М Р О! И треба да  знаат дека ВМРО-ДПМНЕ нема да се поколеба ниту милиметар во своите ставови во однос за договорот за името. Овој чин не прави поупорни и похрабри …  поупорни и похрабри да истраеме во нашето право да се спротивставиме со сите демократски средства на овој договор.

Повикуваме сите членови да се воздржат од било какви провокации од страна на власта. Ваквите сценарија се најдобар показател дека Зоран Заев ја губи контролата и поддршката од граѓаните. Ќе истраеме … ќе истраеме  затоа  што  имаме план!

Очекуваме соодветна реакција од надлежните органи, и предупредуваме  дека како партија која го има најголемото членство во иднина ќе бидеме приморани да се самоорганизираме со цел да обезбедиме минимум безбедност. И тоа е наше право.

Ве уверувам дека брзо ќе дојде денот кога одговорноста за ова  и за многу други работи … за пустошот на Република Македонија ќе биде поставена пред законите и правната држава.

Ако некој се сомневаше, сега мора да се биде сигурен дека Зоран Заев ќе падне и ќе одговара, а Македонија ќе победи!

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Треба да знаете
Последни објави