Колку секс треба да имате според годините
Многу од паровите се запрашуваат дали имаат доволно секс. Дали се стари и поради тоа немаат редовен секс. Институтот во Кинси го има одговорот на ова прашање. Тие спровеле истражување со кое што докажале колку секс ви е потребен според вашите години.
Ќе ве изненади податокот дека младите луѓе од 18-29 години во просек имаат секс 112 пати годишно, што во просек е 2 пати неделно.
Лицата кои што се од 30-39 години имаат 86 пати секс годишно или 1.6 пати неделно, додека паровите над 40 години имаат секс 69 пати годишно.
Колку повеќе старееме така се зголемуваат шансите да заболиме од некоја хронична болест што негативно влијае на квалитетот и желбата за секс. – напишано е во истражувањето
Во ова истражување не учествувале лица постари од 50 години. За нив има податок од друго истражување кое што беше направено пред неколку години во Манчестер, но и во тоа истражување нема точна бројка туку само се напоменува дека сепак луѓето над 50-тите го одржуваат сексуалниот живот покрај сите здраствени проблеми.