Приведен скопски дилер на кокаин
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
МВР соопшти дека врз основа на судска наредба на 21 јуни полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени две полиетиленски пакувања со наркотична дрога кокаин со маса од 161 грам, дигитална вага, 22 банкноти во апоени од по 50 евра, два мобилни телефони марка со СИМ картички и уште една СИМ картичка.
Пријавениот, во текот на овој месец во повеќе наврати патувал во Косово, од каде набавил кокаин, кој го пренел во Република Македонија заради понатамошна продажба. Од страна на судија на претходна постапка, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.