Речиси секое трето дете во Македонија е дебело
Секое трето дете во Македонија има телесна тежина поголема од предвидената за неговата возраст. Дури 31 проценти од машките деца и 29 проценти од девојчињата во Македонија имаат телесна тежина поголема од предвидената за нивната возраст. Од нив, 16 отсто од машките и 13 отсто од девојчињата се дебели. Ова го потврдуваат статистичките податоци за нутритивниот статус на децата на возраст од 7 до 8 години од Институтот за јавно здравје.
Тенденцијата за раст на бројот на дебели деца е последица на неколку фактори, од кои доминираат лошата исхрана, слабата физичка активност и седењето пред компјутери. Со тоа уште на мала возраст децата се соочуваат со ризици за хронични болести кои ги носи дебелината – нарушувања во метаболизмот на шеќерот, на мастите и на хормоните а значајно влијае и на квалитетот на животот.
Спречувањето на нарушувањата во исхраната кај децата е глобална цел на компанијата Beko. Преку својата платформа „Јади како шампион“ (Eat like a pro), со рецепти според кои се хранат играчите на фудбалскиот клуб Барселона, се стреми кон создавање на здрави навики во исхраната на децата.
Компанијата донираше кујнски апарати и уреди за посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје.
Шерафедин Бала, комерцијален директор за Beko Balkans, истакна:
– Децата јадат тоа што јадат и нивните херои – мајките и татковците, драгите воспитувачи и учители или омилени фудбалери. Во околностите каде што детската дебелина е сериозен проблем ширум светот, наша одговорност е да воспоставивме здрави прехрамбени навики, во своите семејства да создадеме цврста основа децата да се хранат здраво и да пораснат здрави. Со големата понуда на уреди со паметна и корисна технологија, која ја олеснува подготовката на здравата храна, Beko со гордост ги поддржува семејствата во целиот свет.