Репрезентацијата на Англија после две одиграни кола на своето конто има две победи и веќе обезбеди пласман во следната фаза од Светското првенство од Русија.
После тесната победа над Тунис со гол во судиското продолжение (2:1), вчера Англичаните одиграа одличен натпревар и ја декласираа репрезентацијата на Панама со 6:1.
Секако, после вчерашната висока победа се создаде голема еуфорија меѓу навивачите на Англија кои што очекуваат ништо друго освен освојување на шампионската титула. Сепак, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин се обидува да ги смири сите на Островот.
„Англија веќе го освои Мундијалот ако гледаме по реакциите на навивачите. Немојте да ги компликувате работите затоа што не е време за тоа. Фокусирајте се на следниот натпревар. Не се грижете сега за осмина-финалето, четврт-финалето или финалето. Обидете се само да победите на следниот натпревар“, изјави Рој Кин.