Професорка заврши во затвор поради секс со тројца ученици
Поранешна професорка по физичко образование од Охајо добила 30 дена затворска казна поради секс со тројца свои ученици.
36-годишната Тифани Ајчер Ајчлер им се извини на учениците и семејствата пред да ја сослуша казната.
Таа признала дека имала секс со тројца ученици, двајца од 18 и еден од 17 години. Еден од состаноците се случиле во училница веднаш по завршување на наставата.
Нејзиниот адвокад побарал помала казна, тврдејќи дека Тифани е посрамотена и оти и е уништена кариерата со оглед на тоа дека веднаш морала да даде отказ.
Освен месец дена во затвор, професорката добила и три години условно, задолжителна консултација, 300 часа социјално-корисна работа, парична казна од 1.000 евра, а ќе мора да ги плати и трошоците за советување на своите жртви.
Во нејзината казна влегува и пишувањето есеи од тоа како ги навела и како дошло до тоа да има секс со малолетници.