Во пресрет на најголемиот тениски турнир, Вимблдон, Рафа Надал се врати на првото место на АТП, Борна Чориќ го има најдобриот пласман во кариерата, а Новак Ѓоковиќ е повторно во Топ 20.
Надал е прв на АТП листата со 8.770 бода. Шпанецот на врвот има 50 бода повеќе од Федерер, кој вчера беше поразен од Чориќ во финалето во Хале.
Младиот Хрват, Чориќ, со триумфот над Федерер дојде до 21.место на АТП листата што е негов најдобар пласман во кариерата.
Србинот, Ѓоковиќ, не успеа да го освои Квинс, но успеа да се врати меѓу најдобрите 20 на светот, на последната АТП листата тој е на 17. позиција.
Инаку, зад најдобрите двајца Надал и Федерер, следуваат Александар Зверев и Хуан Мартин дел Потро, а на петтото место сега е Марин Чилиќ. Хрватот ја освои титулата во Квинс и го мина Григор Димитров.
Зад Бугаринот се Доминик Тим, Кевин Андерсон, Давид Гофан и Џон Изнер.