Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ ја подготвува екипата која што ќе истрча против Исланд на последниот натпревар во рамките на групата „Д“.
Хрватска после победата над Нигерија со 2:0 и победата над Аргентина од 3:0 во првите две кола ги освои максималните 6 бода и „Коцкестите“ се сигурни патници во следната фаза од Светското првенство во Русија, како првопласирани во својата група.
Поради тоа, селекторот на Хрватска, Златко Далиќ планира да ги одмори првотимците и да направи дури 10 измени во составот. Единствено од првотимците на Хрватска против Исланд би требало да заигра само Иван Перишиќ, додека останатите 10 фудбалери од комплетната прва постава ќе одмараат.
Секако, овие вести не им се допаднаа на Аргентинците кои што доколку сакаат да се пласираат во следната фаза, ќе треба да ја победат Нигерија, а доколку Исланд слави против Хрватска, тогаш ќе мора да бркаат победа над Нигеријците со што е можно поголема разлика. Значи, за „Гаучосите“ најдобро ќе биде Исланд да не ја победи Хрватска, затоа што со евентуална победа над Нигерија, тогаш ќе се пласираат во осмина-финалето.
Екипата на Хрватска која што ќе истрча на теренот против Исланд најверојатно ќе изгледа вака: Калиниќ – Једвај, Пивариќ, Цар, Чорлука – Бадељ, Брадариќ, Ковачиќ – Перишиќ, Пјаца, Крамариќ.