Повредени две момчиња откако со автомобил удриле во ограда на бензинска

Повредени две момчиња откако со автомобил удриле во ограда на бензинска

Две момчиња се повредени ноќеска откако со автомобил удриле во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртеле на магистралниот пат Градско – Прилеп.

Како што е наведено во полицискиот билтен, ноќеска околу 01:30 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп патнички автомобил марка „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(19) од населбата Градско удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот.

Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во Јавната здравствена установа Општа болница Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Треба да знаете
Последни објави