Полицијата поднесе кривична пријава против 39-годишен кумановец поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „кражба во обид“ и „разбоjничка кражба“.
Како што информираат од МВР, пријавениот, во периодот од 18 до 21 месецов, преку незаклучени врати влегол во три куќи.
Во едната одзел златен накит и пари стекнувајќи се со противправна имотна корист од 300.000 денари. Во втората бил затекнат од сопственикот додека вршел пребарување, по што побегнал без да одземе ништо. Во третата куќа, исто така, бил затекнат од сопственичката како држи дел од парите кои успеал да ги украде, по што неколку пати ја турнал и успеал да побегне.
Од страна на судија на претходна постапка на 39-годишниот А.З. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.