„Чоколаден Меси“ за 31-от роденден на аргентинскиот фудбалер

Московските слаткари, откако дознаа дека роденденот на Лионел Меси е за време на  Светското првенство, одлучија да му подарат чоколадна скулптура во природна големина на аргентинскиот фудбалер.

 

Речиси една седмица пет слаткари работеа на скулптурата со тежина од 60 килограми.

„Случајно дознавме дека роденденот на Меси е на 24 јуни и одлучивме да направиме чоколадна склптура од него“, истакна слаткарката Дарија Малкина.

Таа наведе дека веќе стапиле во контакт со колегите на Меси од аргентинската репрезентација и се договориле околу предавањето на подарокот.

„На Лионел Меси ќе му го дадеме Лионел Меси“, изјави Малкина.

Скулптурата ќе биде изложена во Броници, град оддалечен 50 километри од Москва, каде е стациониран аргентинскиот тим за време на Мундијалот.

Треба да знаете
Последни објави