Драма кај Смоквица: Полицијата го сопрела, но тој избегал и го оставил возилото
Вчера во 04.00 часот на автопатот кај село Смоквица полициски службеници се обиделе да запрат патничко возило „Фолксваген“ со швајцарски национални ознаки.
„Возилото не застанало туку продолжило со движење по автопатот од Гевгелија кон Скопје. После клучката за село Миравци возилото било пронајдено, а возачот побегнал. Во возилото биле пронајдени 13 лица-мигранти, сите од Пакистан. При пребарување на теренот бил пронајден возачот на возилото и било утврдено дека се работи за лицето 36- годишниот Ф.И од Скопје“јавуваат од МВР.
Ф.И, заедно со мигрантите, бил однесени во Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица.
Бидејќи се барал за издржување на казна затвор, тој ќе биде спроведен до Казнено поправната установа „Идризово“.