Кривична пријава за Александар Маленко за лажно претставување – еве ги деталите
Генералниот секретар на Пливачката федерација на Македонија, Марјан Соколовски, во интервју за весникот „Вечер“ вели дека Александар Маленко ќе биде гонет со кривична пријава заради лажно претставување како претседател на Пливачката федерација на Македонија, а дополнително ќе добие и прекршочна пријава за своите постапки.
Соколовски, кој на крајот од минатиот век беше еден од тренерите кои работеа со Александар Маленко кога тој беше најдобриот пливач во Македонија, во интервјуто ги објаснува постапките на својот пулен, што предизвикало дуализам и фантомска појава на две федерации и поделеност на клубовите и пливачите.
– Претставувајќи се како претседател во Пливачката федерација на Македонија и во ФИНА, самиот себеси си се демантира дека бил во својство на претседател, иако таа функција цело време му припаѓаше на Александар Почевски. Ние сакаме да спречиме тој повеќе да се појавува како претседател на ПФМ. Исто така ќе поднесеме кривична пријава против него, бидејќи тој се потпишал на два документа на кои не смеел да го направи тоа, вели Соколовски.