Нападната жена извршител додека си ја вршела должноста
На 22.06.2018 година во 13 часот и 15 минути во полициската станица Гостивар, извршителот 54- годишната В.Ј од Скопје.
Пријавила дека истиот ден во 12 часот и 30 минути во Гостивар, на влезната врата од домот на Е.Ќ, тој и се заканувал и ја навредувал, а се обидел и физички да ја нападне во моментот кога пријавителката како извршител постапувала согласно девет предмети за извршување кон лицето В.Ќ, кој му е син -стои во соопштението од МВР.
Е.Ќ. бил приведен во Полициската станица Гостивар.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.