Регионот под снег среде јуни – еве колку степени се измерени утрово во Босна
Ладниот бран кој го зафати целиот балкански регион предизвика пресврт во времето.
Во Босна и Херцеговина утрово се измерени само два степени, додека екстремно ладно е и во Словенија, а овие температури предизвикаа и снег на повисоките места.
Имено врвот на Јулиските Алпи во Словенија кој се наоѓа на 2.541 метари надморска височина денеска беше покриен под снег, а видео од зимската идила осамна на социјалните мрежи, погледнете.