Регулаторна одлучи: Од полноќ поевтинуваат бензините
Бензините поевтинуваат за денар, цената на дизелот не се менува. Ова е одлуката на Регулаторната комисија за енергетика која почнува да важи од полноќ.
Новата цена на 98 октанскиот Супер ќе биде 73 денари за литар, за 95 октанскиот ќе се продава за 71 денар. Цената на дизелот останува 63,5 денари за еден литар.