Медиумите во Турција известуваат дека турскиот гигант Бешикташ пројавил интерес за нашиот репрезентативец и член на Леванте, Енис Барди.
Наводно од таборот на славниот турски клуб се во потрага по нова „десетка“, а изборот на скаутинг тимот паднал врз Енис Барди и Ален Халиловиќ кој сезоната ја помина во Лас Палмас како позајмен играч од Хамбургер.
Барди има одлична сезона зад себе во дресот на Леванте и со право го привлече вниманието на бројни топ клубови ширум Европа. Наводно претседателот на Бешикташ, Фикрет Орман испратил барање до Леванте за да ја дознае бараната цена за нашиот репрезентативец.