Аргентина е во прилично незгодна ситуација и на „Гаучосите“ им се заканува елиминација од групната фаза после ремито со Исланд и поразот од Хрватска.
Аргентина ќе мора да ја победи Нигерија за пласман во нокаут-фазата, а селекторот на актуелните вицешампиони се обидува да ја смири јавноста и вели дека допрва доаѓа најдоброто од Аргентина.
„Зад нас е тешка седмица после поразот, но се уште сме во игра. Ја превзедов одговорноста за поразот и сега мораме да се сконцентрираме и да победиме против Нигерија. Ќе имаме вистинска енергија против нив“, изјави Сампаоли и додаде:
„Меси не добиваше доволно топки од средниот ред. Не доминиравме во средината како што тоа беше случај против Исланд. Мислам дека Меси сега ќе добива повеќе топки. Уверен сум дека ќе ја видиме најдобрата Аргентина“, изјави Сампаоли.