Заев: Преговорите за влез во ЕУ почнуваат во јуни 2019

Заев: Преговорите за влез во ЕУ почнуваат во јуни 2019

Премиерот Зоран Заев попладнево на својата Фејсбук страница изрази задоволство од доделувањето на датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ.

-Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на денешната седница донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година.
Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на позитивни промени, на динамичен процес на реформи, на инклузивност и на општествен дијалог. Држава која со силна, добронамерна политичка волја ги решава споровите со соседите и земја на граѓани кои покажаа дека имаат јасно изразена визија за европска иднина. Патот на реформи и градењето на нашата земја како држава по европски правила, е неповратен процес. Остануваме на реформскиот курс. Пред нас имаме конкретна цел. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија! Силно „Да“ за македонската иднина, за нашата заедничка иднина, напиша Заев.

https://www.facebook.com/66035312931/posts/10156665172032932/

 

Треба да знаете
Последни објави