И вечерва мал протест против Договорот за името
Помала група граѓани и вечерва одржа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името.
Учесниците на протестот ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси.
Тие повторија и дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран.