Кривична пријава против тетовчанец за лажен профил на „Фејсбук“
Тетовец креирал лажен профил на „Фејсбук“ на женско лице од Тетово, објавил компромитирачка фотографија од неа, а потоа ја уценувал да стапи во интимен контакт со неа. Поради тоа, односно поради сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци, СВР Тетово поднело кривчна пријава против 30-годишниот С.Т., кој делото го сторил во април годинава.