Возило удри во бетонска жардињера, возачот итно пренесен на клиника

Синоќа на булеварот „Трета Македонска бригада“ во Скопје, патничко возило „oпел“ со бугарски национални ознаки, управувано од 19-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, удрило во бетонска жардињера.

 

„Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави