Македонија доби условен датум за почеток на преговори со ЕУ
Советот на Европската Унија препорача условен датум за почеток на преговори на Македонија за членство во Унијата во јуни 2019 година. За да бидат отворени преговорите, Македонија мора да исполни четири услови: да ги спроведе итните реформски приоритети, да го спроведе договорот со Грција, да добие позитивен извештај од Европската Комисија и одлука од Советот на ЕУ.
Glad that @EUCouncil sees the light on #Enlargement conclusions, esp. on #Albania and the future #North #Macedonia, after long debate. Path twds opening #accession talks in June 19 clear. Key signal to t region that progress is rewarded. And crucial for t #EU's own #credibility. pic.twitter.com/cWOD1XZ7Ti
— Johannes Hahn (@JHahnEU) June 26, 2018
Ваквата одлука ја поздрави еврокомесарот Јоханес Хан, кој на Твитер напиша дека ова е клучен сигнал дека прогресот се наградува.