МВР со информација за синоќешната сообраќајна несреќа кај Аеродром

МВР со информација за синоќешната сообраќајна несреќа кај Аеродром

Синоќа на булеварот Трета македонска бригада во Скопје патничко возило „oпел“ со бугарски национални ознаки, управувано од 19-годишниот Г.Ѓ. од Скопје, удрило во бетонска жардиниера.

„Од ударот со тешки телесни повреди се здобил Г.Ѓ., кој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники ‘Мајка Тереза’, каде што му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди“, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Треба да знаете
Последни објави